Енеа Бастијанини, возачот на Гресини Дукати, беше најбрз на трката попладнево за ГН на Арагон во Мото ГП шампионатот. Бастијанини дојде до оваа победа, четврта сезонава, откако во супер финиш за само 42 илјадитинки просто му ја „украде“ победата на Франческо Бањаја кој вози за фабричкиот Дукати.

Интересно, овие двајца мотоциклисти од следната сезона ќе возат во еден ист тим.

Трет трката ја заврши Алеш Еспаргаро, возачот на Априља, кој заостана шест секунди зад нив.