Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар оствари победа (1-2) на гостувањето кај Караорман во Струга и по петтото коло во Втората македонска фудбалска лига се искачи на врвот на табелата. Жоглев во 88.минута донесе победа за Вардар, откако претходно Десниќ беше стрелец на првиот за „црвено-црните“ во 57. минута.

Пелистер минимално славеше на гости во Охрид со 0-1. Маневски во 82.минута донесе триумф за „пелистерци“.

Детонит Плачковица го победи Арсими со 3-1, Љупчо Димитковски со реми дебитираше на клупата на Каменица Саса.

ВТОРА ЛИГА, 5. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

КАРАОРМАН – ВАРДАР 1-2

ОХРИД – ПЕЛИСТЕР 0-1

КАМЕНИЦА САСА – БЕЛАСИЦА 1-1

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – АРСИМИ 3-1

БЕСА – СЛОГА ВИНИЦА 3-2

БОРЕЦ – КОЖУФ 0-2

ЛОКОМОТИВА – ТЕТЕКС 0-0

вчера: ГОСТИВАР – ВОСКА 2-2