Досега не се случило фудбалер од англиската Премиерлига да дојде до 45 гола во една сезона, а на Халанд тоа му успеа. Со оглед дека има уште два месеци од актуелната натпреварувачка сезона, оваа бројка само ќе расте и норвешкото чудо од дете ќе постави неверојатен рекорд.

Халанд сезонава само во Премиерлигата има 30 гола и близу е да стане најдобриот стрелец во една премиерлигашка сезона, со оглед дека има уште девет натпревари за да даде најмалку пет гола и да ги надмине Енди Кол и Алан Ширер.