Наполи загуби на гостувањето кај Милан (0-1) во првиот меч од четвртфиналето во ЛШ, но се уште имаат реални шанси за пласман меѓу четирите најдобри екипи со оглед што за шест дена ќе играат реванш пред преполниот „Диего Марадона“.
Целиот натпревар го одигра Елиф Елмас како т.н. „лажна деветка“ одигра добар натпревар, но во неколку наврати немаше среќа во нападите по противничкиот гол. Кварацхелија уште на стартот имаше голема шанса, но неговиот удар беше блокиран на самата гол-линија, додека во второто полувреме и македонскиот репрезентативец можеше да се радува, но неговиот удар со глава од 15-тина метри домашниот голман со помош на стативата го исфрли во корнер. Наполитанците во финишот од вториот дел играа со фудбалер помалку, по двата жолти картони за само четири минути на Ангуиса.
Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога во дуелот со Челси и со по еден гол во двете полувремиња дојде до предност од 2-0 пред реваншот во Лондон. Првиот гол беше дело на Бензема во 21. минута по ударот на Винисиус и одбиената топка од Кепа, додека во 74. минута Марко Асенсио со удар од 16 метри ја удвои предноста и тоа само три минути откако влезе во игра. Гостите последните половина час ги играа со фудбалер помалку, поради директниот црвен картона на Чилвел поради прекршок со кој спречи противнички фудбалер Родриго да излезе сам пред голманот Кепа.
Синоќа, Манчестер сити дома го прегази Баерн Минхен (3-0), додека Интер како гостин ја совлада Бенфика (2-0).