Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас на дуелот со Милан, за малку можеше да донесе огромна радост кај навивачите на Наполи . Елмас имаше голема шанса да ја затресе мрежата на Милан во второто полувреме од првиот четвртфинален меч од ЛШ кој се играше на „Сан Сиро“.
Нашиот „дијамант“ одлично изреагира по центаршутот на Кварацхелија и со глава ја зафати топката од скоро 15 метри, по што малку фалеше да го лобува Маињон, кој, сепак, со последни сили успеа да ја избие топката во корнер со мала помош од пречката.
<div style=”width: 100%; height: 0px; position: relative; padding-bottom: 57.508%;”><iframe src=”https://streamable.com/e/9t1297″ frameborder=”0″ width=”100%” height=”100%” allowfullscreen style=”width: 100%; height: 100%; position: absolute;”></iframe></div>