Аеродромци се надеваа на помош од црногорскиот гигант, кој одигра далеку под своето реноме и дозволи дома да загуби од тим кого го победи со 29 поени разлика среде Чачак. Тешко е да се каже дека натпреварот беше местен, со оглед на обидите на домашниот тим во финишот, но далеку од тоа дека подгоричани го дадоа својот максимум. Будуќност имаше два напади за водство и пресврт во последните секунди, но прво промашија за двојка на минус еден, а потоа и за тројка на минус два, што донесе солзи кај сите навивачи на сино-белите, ои го следеа овој натпревар.
МЗТ Скопје и Борац Чачак сезоната ја завршуваат со скор 7-19, но српскиот тим ќе заврши како претпоследен проади двете победи во меѓусебните дуели. Скопјани, пак, по само една година се враќаат во јадранската второлигашка конкуренција, без разлика на одличниот финиш и трите победи во низа против Задар, Сплит и Цибона.