За него ова е четврти натпревар со толку поени, со што се изедначи со легендата Мајкл Џордан и со Џејмс Харден, додека убедливо најдобар во оваа категорија е Вилт Чембрлен кој дури 32 пати реализираше најмалку 60 поени. Бекот на Портланд стана само четврти кошаркар кој постигнал најмалку 60 поени со повеќе од 70-отстотна прецизност по Чембрлен, Карл Мелоун и Дејвид Томпсон.
Лилард воедно се запиша во аналите на најсилната лига на светот како прв кошаркар кому му успеало да постигне најмалку 60 поени со помалку од 40 шута. Со деветте тројки, пак, дојде до бројката 2.292 погодени удари за три поени со што го „прескокна“ Винс Картер на шестото место на вечната листа. Следен пред него е Кајл Корвер со 2.450 тројки, а лидер во оваа конкуренција е Стеф Кари со 3.278 тројки.
Кошаркарите на Денвер нагетс без Никола Јокиќ загубија во дуелот со Милвоки бакс (99-107), предводен од Јанис Адетокунмпо, кој постигна 33 поени (15 од линијата за слободни фрлања). Српскиот центар поради проблеми со тетивата и третпат во последните четири натпревари не се појави на теренот. Во тимот од Колорадо најефикасен беше Арон Гордон со 26 поени и 13 скока.
РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Индијана 126-120, Филаделфија – Бруклин 137-133, Њу Орлеанс – Минесота 102-111, Хјустон – Вашингтон 103-108, Милвоки – Денвер 107-99, Оклахома – Атланта 132-137, Годен Стејт – Мемфис 122-120, Портланд – Јута 134-124, Сакраменто – Торонто 95-113, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 113-104.