Осасуна успеа да ја победи Севилја во натпревар од четвртфиналето на Кралскиот куп со 2:1, и тоа по продолженија, и се пласира во полуфинале.
Домашните поведоа со голот на Авила во 71.минута, имаше и два зицери за 2:0, но сепак не ги искористи. Пота стигна казната и тоа во 90+5.минута, кога Ен Несири успеа да постигне гол за 1:1, по што се замина во продолженија.
А таму во 99.минута Езалзули постигна гол за 2:1 за Осасуна, кој се покажа како доволен за победа.
Со ова Осасуна е вториот полуфиналист во ова натпреварување, покрај Барселона која славеше против Сосиедад , минимално со 1-0.
Во четврток се играат останатите два меча од четвртфиналето, Атлетико Мадрид – Реал Мадрид и Валенсија – Билбао.