Богдан Богдановиќ имаше страшна партија против Јужен Судан во која постигна 30 поени и беше најефикасен на натпреварот.
На овој меч тој стана и најдобар стрелец во историјата на српската кошаркарска репрезентација.
Богдановиќ го надмина Милош Теодосиќ кој до вчера беше на врвот во таа статистичка категорија.
Сега Богдановиќ има 1.059 поени од 71 натпревар, Теодосиќ 1.057 поени од 94 натпревари, Бодирога 1.023 од 85 натпревари.