Далас го отвори натпреварот со 45-24 во првата четвртина и тука беше одлучен победникот, а Сакраменто не можеше да се врати во натпреварот и да го изненади ривалот.

Најдобар во победничкиот тим беше Кајри Ирвинг, кој постигна 25 поени и 10 асистенции, додека Словенецот одмораше поради повредата на стапалото, но наскоро се очекува да се врати на теренот.

Одлична ноќ имаше и Шаи Гилџус-Александар кој постигна 44 поени во победата на Оклахома сити тандер на гостувањето кај Портланд трејл блејзерс.

Останати натпревари:

Детроит – Сан Антонио 138-131
Индијана – Феникс 104-117
Филаделфија – Њујорк 119-108
Бостон – Шарлот 127-116
Торонто – Јута 116-122
Мемфис – Минесота 128-107
Мајами – Хјустон 97-95
Њу Орлеанс – Кливленд 107-118
Лос Анџелес Клиперс – Милвоки 106-119