Кошаркарите на Црвена звезда го победија Партизан во првото сезонско „вечно“ дерби со резултат 90:74.
Со „вечното“ дерби заврши 8. коло во АБА лигата, а Црвена звезда првпат во сезоната успеа да го совлада лутиот ривал, тимот на Партизан.
Ова е прв пораз на Партизан во АБА лигата, додека Звезда стигна до победата број шест во регионалниот шампионат, односно петти последователен во АБА и Евролигата.
Натпреварот започна со поените на Хасан Мартин, но Партизан беше тој што дојде до позабележителна почетна предност, кога по тројката на Нанели на семафорот стоеше 11:6, но Вилдоса веднаш одговори со поени.
Публиката веднаш негодуваше на секоја судиска одлука, а особено збесна кога беше досудена неспортска лична грешка на Бранко Лазиќ, кој го удри Ексум по личната грешка на Мартин, а Партизан потоа имаше водство од 16:12.
Видовме добри минути на Звезда која се приближи до 18:17, кога Ивановиќ тргна да се пробие, а Ледеј се намести за фаул во напад, судиите рекоа дека токму тоа се случило, па лудилото на навивачите отиде на повисоко ниво и настана хаос.
Летаа предмети, се слушаа разни извици, па судиите го прекинаа натпреварот и заминаа во соблекувалната. По подолга пауза се вратија, спорната трибина беше целосно испразнета, а одлуката беше сменета во прекршок во одбрана и Звезда поведе, 19:18.
По молбите на Лазиќ, Митровиќ и останатите играчи на Звезда, следуваше последното предупредување од официјалниот спикер кој рече дека салата ќе биде целосно испразнета доколку продолжи ваквото однесување.
За среќа не продолжи и гледавме фантастична кошарка. Втората четвртина започна со поените на Бродзјански и неспортскиот фаул на Филип Петрушев, а потоа следеше НБА секвенцата која ги воодушеви сите.
Пет поврзани тројки! Се започна со тројката на Мадар, па Недовиќ веднаш ја врати за потоа да погоди и Пантер, а Марковиќ возврати и потоа втората тројка на Јам Мадар за 31:26 во корист на црно-белите.
Партизан дојде до предност од 6 поени, 48:42 беше на семафорот пред последните две минути, за Звезда да постигне седум брзи поени по грешките на одбраната на Партизан и да го сврти резултатот кон крајот на првото полувреме, поведувајќи 49:48 пред да се замине во соблекувална.
Третата четвртина започна многу лошо за Партизан. Цели четири минути без кош и три загубени топки, а на другата страна Бен Бентил, Џон Холанд, Лука Вилдоса и Бранко Лазиќ стигнаа до поени и се доби првата двоцифрена предност, 58:48.
Избраниците на Душко Ивановиќ успешно одржуваа двоцифрена предност, но кон крајот на периодот Партизан успеа да се врати во мечот благодарение на одличните минути на Јанис Папапетроу, но сето тоа кратко траеше.
Црно-белите неколку пати се доближија на помалку од два поседа, но Ивановиќ знаеше да најде „дупка“ во одбраната на Партизан и, а потоа и Вилдоса и Недовиќ кои играа брилијантно.
Натпреварот траеше преку два часа, но навистина гледавме многу добар натпревар во кој Звезда го постигна шестиот триумф (6-1), а Партизан го забележа првиот пораз (7-1) во сезоната во АБА лигата.
Лука Вилдоса беше најефикасен со 19 поени, а на другата страна Папапетру постигна 15.
Црвена звезда: Холанд 5, Вилдоса 19, Митровиќ 7, Лазиќ 4, Мартин 5, Добриќ 11, Ивановиќ 2, Недовиќ 17, Марковиќ 3, Кузмиќ, Петрушев 8, Бентил 9
Партизан: Вукчевиќ, Ледеј 5, Пантер 12, Смаилагиќ 2, Папапетру 15, Егзум 14, Бродјански 8, Нанели 7, Лесор, Трифуновиќ, Анѓушиќ 2, Мадар 9