Се одигра и последниот натпревар од осминафиналето на Евробаскетот. Кошаркарите на Грција стигнаа до четвртфиналето со тешка победа од 94:88 над жилавите Чеси.
Последниот натпревар од осминафиналето на Евробаскетот не заврши со изненадување. Иако Чешка одигра одлично и имаше водство на крајот од третата четвртина, Грција направи пресврт и победи со 94:88.
Чешка имаше многу добар план и фантастично се држеше до него, па цело време беше рамноправна и малку во водство, а на крајот од последните десет минути беше 67:63. Но, Јанис Антетокумпо се разигра кога беше најважно.
Јанис постигна две тројки во последната четвртина и го зеде понуденото, дотогаш немаше постигнато ниту една. На почетокот на четвртата четвртина многу му помогна и Папапетроу во пресвртот, па на пет минути до крајот веќе беше 78:70 за Грците.
Немаше враќање за Чешка, која чесно се збогува со настапот на Евробаскетот каде беше и домаќин во групата. Јанис Антетокумпо постигна 27 со десет скока во победата на Грците од 94:88, Папапетроу додаде 13, а Ник Калатес 14.
За Чешка Јан Весели постигна 21, а Војтех Хрубан 17.