Наполи блеска и цврсто гази кон Скудетото, а оваа сезона свој блесок во тимот има и македонскиот дијамант Елиф Елмас. Раководството на клубот се надева дека тој уште долго ќе остане во Неапол и не би го продале за сума под 50 милиони евра.
Италијанските медиуми тврдат дека „наполитанците“ имаат поставено клаузула од која никако нема да отстапат.
Тоа го откри италијанскиот новинар Франческо Модуњо на „Теленовело“.
„Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи, неговата нова цена изнесува 50 милиони евра, сега никој не сака да чуе да чуе да биде продаден за помалку“, истакна Модуњо.