Додека во Англија сите се играше „Боксинг деј“ колото, атрактивен фудбал имаше и во Саудиска Арабија, каде фудбалската Премиер лига од оваа земја донесе големо дерби.
Карим асистираше за предност на Ал Итихад од 1:0, но потоа Французинот беше и еден од трагичарите, бидејќи напаѓачот направи пенал по кој гостите се вратија во игра.
Кристијано Роналдо беше прецизен реализатор и израмни на 1:1, а Талиска до крајот на првиот дел погоди за пресврт од 1:2. Ал Итихад се врати во игра на почетокот на вториот дел со вториот гол на Хамдалах, но потоа Фабињо доби црвен картон, а Роналдо го претвори во гол и вториот пенал.
Со овој погодок, Роналдо стигна до 53 гола и ќе ја заврши 2023-та година како најдобар голгетер во светот, бидејќи зад себе на листата ги остави Кејн, Мбапе и Халанд.
До крајот, Ал Наср имаше предност во секој поглед, па Садио Мане со два гола се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 2:5 со што беше декласиран актуелниот шампион.
https://twitter.com/i/status/1739713308838486228 https://twitter.com/i/status/1739712655269761499