Фудбалските возбудувања во Премиер лигата не се завршени за оваа календарска година, па само со исклучок на петок ќе гледаме натпревари во најсилната англиска конкуренција.

Иако има уште едно коло за да дојдеме до половина на сезоната, дефиниитвно може да се донесе одреден заклучок, да се направи анализа за тоа што досега се случуваше и да се изберат играчите кои го одбележаа првиот дел од кампањата.
Специјализираниот сајт за фудбал „Гол“ излезе токму со ваков избор, асовите кои според нив најмногу покажаа досега во натпреварувачката 2023/2024.

Формацијата е 3-4-3 во која на голманската позиција ја зазеде Викарио од Тотенхем, а во одбраната се Конса (Астон Вила), Салиба и Ван Дајк.

Даглас Луис од Астон Вила и Рајс од Арсенал се во срцето на средината на теренот, крилните места се за Сака и Сон, додека напаѓачката тројка ја сочинуваат Салах, Халанд и Воткинс.