Бразилскиот напаѓач Витор Хуго Роке пристигна во Барселона, објави клубот на својата официјална веб-страница. Тој потпиша договор на осум години, до 30 јуни 2031 година, а откупната клаузула е 500 милиони евра. Неговиот прекар е Тигрињо.

Младиот 18 годишен напаѓач доаѓа од бразилскиот Атлетико Паранаенсе за 40 милиони евра. Тој е означен како голем потенцијал, кој веќе се покажа во најквалитетното натпреварување во Бразил.

Витор Хуго Роке само оваа година постигна 20 гола во сите натпреварувања, а на тоа додаде и осум асистенции.