Тимот на германскиот хит Хајденхајм забележа историски успех оваа сезона. Екипата која дебитираше во Бундес лигата на Германија на големо изненадување обезбеди пласман на меѓународна сцена.
Оваа сезона беше дебитантска, што значи прва за Хајденхајм во Бундеслигата. Иако се очекуваше да се бори за опстанок во лигата, овој тим ја заврши сезоната на осмата позиција.
Тоа значи дека се квалификува во Конференциската лига, доколку клуб кој е подобро пласиран од него го освои Купот на Германија. На крај тоа и се случи, откако Баер Леверкузен триумфираше над Кајзерслаутен.
Треба да се напомене дека не толку одамна Хајденхајм играше во петтата лига на Германија, а сега во деби сезона во Бундеслигата се пласира во Европа. Неверојатна приказна на мал клуб и прогресот до врвот на германскиот фудбал.