Екипата на Далас Маверикс одигра уште еден супер натпревар и со триумф над Минесота Тимбервулвс (116-107) води со 3-0 во серијата од финалето во Западната конференција, па сега се наоѓа на еден триумф од големото НБА-финале.

Пресметката помеѓу двете екипи започна во знакот на Далас, имаше тимот од Тексас и двоцифрена предност, но Минесота предводена од Конли кој беше расположен во шутот за три поени и Таунс се врати во мечот и така имаше неизвесна игра до самиот крај. Мечот се прекрши кога од 104-104, Минесота почна да греши, а тоа Далас мудро го казни и се одлепи на 116-105.

Натпреварот го одбележаа двете ѕвезди на Далас Маверикс, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кои погодуваа кога беше најпотребно. Двајцата комбинираа повеќе од 50% од поените на својот тим. Двете звезди дадоа по 33 поени за Далас, додека кај Минесота, Едвардс заврши со 26 поени, пред Конли со 16 поени.

Следниот натпревар меѓу Минесота Тимбервулвс и Далас Маверикс се игра на 29 мај.