Кошаркарите на Бостон Селтикс се пласираа во големото финале на НБА плеј-офот, откако во четвртиот натпревар од Источното финале на гостински терен ja победија Индијана Пејсерс со 105-102. Tака, Бостон со „метла“ се пласира во финалето, со убедливи 4-0.
Џејлен Браун ги предводеше Селтикси до триумфот со 29 поени и шест скока и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалето на Источната конференција. Голема поддршка имаше во Џејсон Тејтум со 26 поени, 13 скока и осум асистенции. Најдобри во тимот на Индијана беа Ендрју Нембард со 24 поени и 10 асистенции и Паскал Сиакам со 19 поени и 10 скока. Еден од најдобрите кошаркари на Индијана, Тајрис Халибартон, го пропушти натпреварот.
Бостон има шанса во финалето да се обиде да го добие осумнаесеттиот шампионски прстен во историјата на франшизата.
По изедначена борба во текот на целиот натпревар, во која екипите водеа наизменично, Индијана на три минути пред крајот имаше четири поени предност 98-102, но потоа целосно застана и Бостон стигна до победата со серија од 7-0. Клучна беше тројката на Дерик Вајт на неполна минута до крајот при резултат 102-102.
Во финалето на НБА лигата, Бостон ќе игра против подобриот тим од Далас и Минесота. Во финалето на Западот Далас води со 3-0 и утре ќе ја има првата меч топка за пласман во финалето.