Македонскиот плејмејкер Нено Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан, беа поразени и на вториот меч од финалната серија против ЦСКА Москва, повторно на домашен терен, овојпат со убедливи 94-83.
ЦСКА Москва покажува моќ во финалната серија, Уникс ќе има тешка задача да го надополни досега загубеното, односно да се реваншира за двата домашни порази.
Разлика од првиот загубен меч беше тоа што денешниот е убедлив, со двоцифрена разлика.
Димитријевиќ постигна 18 поени, имаше девет асистенции и еден скок. Поефикасен од него беше неговиот соиграч Маркос Најт со 22 поени.
Следните два натпревари од финалната серија се играат во Москва.