Адем Мекиќ беше еден од најдобрите, најстандардни наши репрезентативни играчи на претквалификациите за Светскиот Куп со изјава по ждребот за квалификациските групи.
„Онака, од прва, се чини дека добивме една добра група. Противници, што се вели по мерка. Од една страна, ќе играме против светскиот шампион, Шпанија, што несомнено е една голема чест. Да се бориш против најдобриот во светот, а во исто време, ги имаме Украина и Грузија. Селекции со кои можеме да бидеме компетитивни, каде имаме простор за резултат“ – вели крилото на нашиот национален состав.
Она што Мекиќ лично посакува е веќе од ноември, кога стартуваат квалификациите, екипата да биде комплетна.
„Посакувам да бидеме комплетни, во екипата да имаме и играчи кои не беа дел од претквалификциите преку кои и дојдовме до една ваква можност да одиграме најмалку шест натпревари против велесила како Шпанија, и силни, квалитетни репрезентации како Украина и Грузија. Да немаме проблеми со повредите. Да не се потценуваме, но ниту да ги преценуваме противниците без оглед што ја имаат фаворитската улога. И најважно од се, да веруваме во нашите способности, во нашите квалитети. Се надевам дека ќе бидеме конкуретни во ова друштво од квалификациите за Светското првенство“- посакува Мекиќ.