Француската кошаркарска репрезентација оствари тешка победа со 94-90 против Јапонија во второто коло од кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз.
Кошаркарите на Франција ја добија првата четвртина со 32-25, додека Јапонија до полувреме успеа да намали на 44-49.
Големата битка продолжи и во второто полувреме, а Јапонија го презема водството и го чуваше до самиот финиш (84-80), по што Франција успеа да израмни на 84-84 и да избори продолженија.
Кавамура беше најефикасен кај Јапонија со 29 поени, седум скокови и шест асистенции, додека Вембањама постигна 18 поени, 11 скокови и шест асистенции.
Франција е прва во групата Б со четири бодови, по што следат Германија и Јапонија со по два бода и Бразил на дното со еден освоен бод.