Леброн Џејмс веќе е признат бизнисмен со кошаркарска кариера, а во својата емисија призна дека по завршувањето на играчката кариера сака да биде сопственик на НБА екипа во Лас Вегас .

Кошаркарската ѕвезда на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, кој бизнис-магазинот Форбс го прогласи за прв активен играч во НБА лигата вреден милијарда долари, има нова цел. Тој сака да поседува НБА тим во коцкарскиот центар Лас Вегас.

https://twitter.com/KingJames/status/1534940135967510533?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1534940135967510533%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportnet.hr%2Fvijesti%2F564136%2Fkosarka-nba%2Flebron-zelim-biti-vlasnik-nba-momcadi-imati-ekipu-u-las-vegasu%2F

„Сакам да имам свој тим, сакам да имам тим во Лас Вегас“, рече тој во последното издание на ток-шоуто „The Shop“.

Лас Вегас и Сиетл често се споменуваа како места за проширување на лигата, но комесарот на НБА, Адам Силвер оваа недела изјави дека не размислуваат за проширување на НБА лигата.

Леброн Џејмс е сопственик на СпрингХил, компанија за филмска продукција. Минатата година го снимија анимираниот „Space Jam – A New Legend“ со Ле Брон во главната улога.

Тој е, исто така, делумен сопственик на Фенвеј Спортс Груп, кој го поседува бејзбол клубот Бостон Ред Сокс, англискиот премиерлигаш Ливерпул и НХЛ тимот Питсбург Пингвинс.