Кошаркарите на Тофаш го совладаа Афјон со резултат 145:55 во натпреварот од 15. коло на турскиот шампионат.
Афјон е во големи финансиски проблеми, го распродадоа целиот тим и за нив во овој дел од сезоната играат јуниорите.
Неодамна го имаа најубедливиот пораз од Ефес, а сега јуниорите на Афјон загубија од првиот тим на Тофас со 90 разлика или 145:55 и тоа е нов тимски рекорд.
Тофас немаше милост и во втората четвртина постигна дури 54 поени .
Најефикасни беа Шепард и Зубчиќ со по 21 поен, Кук имаше 20, Арслан 19, Бујуктунчел и Танишан 14, додека Симонс постигна 11 поени.
Кај Афјон се истакна Дирил со 14 поени, а Чевирген и Озбудак имаа по 10 поени.
Прашање е дали Афјон воопшто ќе ја заврши оваа сезона