Кошаркарите на Голден Стејт се поразени на домашен терен од Сан Антонио Спарс со резултат 107:112.

Вориорс беа во негатива во текот на целиот меч , во одредени моменти губеа и со 22 поени, за на крајот да се вратат.

Избраниците на Стив Кер успеаја да поведат во последната четвртина, но на крајот потклекнаа и Спарси забележаа нова победа.

Инаку, избраниците на Грег Поповиќ во претходниот меч го совладаа Портланд и со тоа станаа единствената екипа со позитивен ефект против секој противник во НБА.

Стеф Кари повторно имаше лоша шутерска вечер, завршувајќи го мечот како најефикасен и покрај тоа. Неговите 27 поени (7/28 од игра) со осум скока и пет асистенции на крајот не беа доволни.

Го следеше Џордан Пул со 15, додека еден поен помалку имаше Демион Ли.

Во победничкиот тим се истакнаа Дерик Вајт со 25 поени, а Мареј со 23 поени со 12 скока и седум асистенции.

Ова е четврти пораз за Вориорс сезонава, моментално водечки тим во Западната конференција.

Во вториот меч од вечерта Мемфис го победи Далас со 97:90.

Во тимот на Маверикс поради повреда на скочниот зглоб го немаше Лука Дончиќ, но ниту Порзингис кој се мачи со коленото.

Затоа Тим Хардавеј ја презеде лидерската улога и мечот го заврши со 29 поени.

Дезмонд Бејн беше најдобар во победничкиот тим со 29 поени и девет скока.

Голема победа (112:107) забележа Чикаго на гостувањето против Бруклин. Гостите ги предводеше одличниот тандем Лавин (31) и ДеРозан (29), додека на Бруклин не му помогнаа 28 поени на Дурент и 20 на Олдриџ.

Фантастичниот Јокиќ (32 поени, шут 14-19, 11 скока) го предводеше Денвер во победата од 113:99 во Њујорк.

Резултати:

Њујорк – Денвер 99: 113

Далас – Мемфис 90:97

Бруклин – Чикаго 107: 111

Голден Стејт – Сан Антонио 107: 112

Милвоки – Мајами 124: 102

Портланд – Бостон 117:145

Сакраменто – ЛА Клиперс 104: 99