Играчите на Хјустон Рокетс му дозволија на својот тимски колега да дојде до првиот трипл-дабл учинок во кариерата.

Кошаркарите на Хјустон Рокетс ноќта зад нас го победија Оклахома Сити Тандер со 102:89.

Кевин Портер благодарение на соиграчите стигна до првиот трипл-дабл во кариерата и мечот го заврши со 11 поени, 10 скока и 11 асистенции.

Како што можете да видите на видеото, Портер го фати последниот скок откако неговите соиграчи се тргнаа на претходно одбиената топка на Крис Вуд и му оставија на Портер да оствари одбранбен скок и прв трипл-дабл во кариерата.

https://twitter.com/i/status/1465548512687362053