Синоќа Македонија го забележа вториот пораз во овие квалификации за Светско првенство, овој пат од Украина со резултат 78:61.
Капитенот на нашиот национален тим реално ги отслика случувањата на теренот во „Палатата на спортовите“ во Киев.
„Сакам да честитам на Украина за победата. Одигравме доста добро прво полувреме. Но не продолживме така во ист ритам. Немавме концентрација, посебно во неколку минути од продолжението. Така беше и со Шпанија. Мораше да бидеме во текот на сите 40 минути на ниво ако сакавме да победиме. Не одигравме толку лошо за да загубиме со висока разлика. Но, се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри и ќе растеме како тим“– изјави Крстевски по поразот.