Ракометарите на Е.Пелистер вечерва од 20:45 ќе ги одмерат силите со Спортинг во Лисабон во натпревар од 5 коло од Европската лига на ЕХФ.

“Имаме самодоверба и победничко чувство. Лутавме на натпреварот против Ним, но потоа ја најдовме нашата форма. Спортинг е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме против нив. Игравме на нивни терен, можеби тоа е мала предност, но далеку од тоа дека не сме спремни и дека нема да играме во Лисабон на победа.
eve Цел ни е да им ги одземеме тие таканаречени лесни голови и полуконтрата. Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното имаме шанса за еден или два бода.” – изјави Немања Обрадовиќ

Standings provided by SofaScore LiveScore