Лионел Меси синоќа по седми пат во кариерата ја освои Златната топка, иако многумина сметаат дека Аргентинецот не ја заслужил.
Меси е апсолутен рекордер со седум освоени Златни топки, но фудбалската јавност смета дека играчот на ПСЖ овојпат не ја заслужил оваа награда, а на негово место требало да биде Роберт Левандовски.
Левандовски беше фантастичен и минатата година и освои се што можеше со Баерн, но не ја доби Златната топка бидејќи церемонијата беше откажана поради пандемија на коронавирус.
Се очекуваше полскиот напаѓач оваа година да ја освои Златната топка бидејќи повторно блесна на теренот, но тоа не се случи. На крајот најмногу гласови имаше Меси, а преовлада тоа што со Аргентина ја освои Копа Америка.
По завршувањето на церемонијата, Левандовски се огласи на социјалните мрежи за да му честита на Меси за освојувањето на новата Златна топка.
„Прво сакам да му честитам на Лионел Меси за освојувањето на Златната топка. Сакам да му се заблагодарам на секој новинар кој гласаше за мене и мислеше дека сум направил нешто важно во 2021 година. Ја освоив наградата за најдобар напаѓач на годината, но ниту еден играч не може да победи некаква индивидуална награда без помош на силен тим и верни навивачи“, рече Лева, додавајќи.
„Му благодарам на Баерн што ми даде можност да успеам и да ги исполнам моите соништа. Исто така, им благодарам на моите соиграчи од Баерн и полската репрезентација, но и на навивачите кои секојдневно ме поддржуваат и тоа навистина многу ми значи.”
„И што е најважно, многу благодарам на моето семејство, ти благодарам мајко, ти благодарам Ана – ти си љубовта на мојот живот и мојот најдоабр пријател. Благодарам на сестра ми Милена и на сите пријатели и луѓе околу мене кои ме поддржуваат секој ден. Сите вие сте основата на мојот успех“.