Во Париз синоќа Лионел Меси по седми пат стана сопственик на Златната топка.

Аргентинскиот репрезентативец беше награден пред Роберт Левандовски, што многумина го сметаат за неправедно бидејќи полскиот репрезентативец имаше неверојатна сезона.

И неговиот клуб Баерн го смета за најдобар во светот, без разлика што оваа чест и формално ѝ припадна на ѕвездата на ПСЖ и поранешен играч на Барселона.

„Сè уште си најдобар за нас! Честитки за Меси за освојувањето на Златната топка“, објави Баерн на своите официјални профили на социјалните мрежи.

https://twitter.com/FCBayern/status/1465424563421040647?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1465424563421040647%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportm.mk%2Fbaern-mu-chestitashe-na-mesi-no-ne-misli-deka-argentinetsot-e-najdobar%2F