Навивачката група на скопски Вардар „Комити“ прави огромни напори за да му помогне на нашиот најтрофеен македонски клуб, па во новата акција се продаваат сезонски карти, билети кои се по цена од 1000. денари.
За нешто повеќе од 24 часа се собрани повеќе од 500 000 денари, па од редовите на „црвено-црните“ се задоволни како започна целиот процес и воедно се надеваат дека масовноста ќе продолжи, акцијата ќе тече со несмален интензитет.