Аталанта ремизираше (1-1) на домашен терен против Кремонезе. Тоа е второ реми за тимот од Бергамо, па сега со 14 освоени бода се израмни со Наполи и со Милан на врвот на табелата во Серија А.

Аталанта дојде во водство со голот на Мерих Демирал во 74.минута, но само пет минути подоцна израмни Емануеле Валери.