По 31 минута игра „граѓаните“ имаа убедливо водство од 3-0 и беше јасно дека ќе ги освојат трите бода, а во листата на стрелци двапати се запиша Фил Фоден, додека еден гол даде Илкај Гундоган.
Почесниот гол за Брајтон го постигна Алексис Мек Алистер од пенал во 80. минута (1-3), по што Ријад Марез погоди за конечни 4-1.
Челси е прв со 22 бода, па следи Манчестер сити со 20, Ливерпул има 18, додека Брајтон и Тотнем имаат по 15.