Предводникот од клупата, Јасен Петров, поднесе неотповиклива оставка по убедливиот пораз во дуелот исто така одигран на стадионот на Лудогорец.
„Прво да им заблагодарам на навивачите што дојдоа на стадионот и да им се извинам бидејќи не го заслужија тоа што го видоа. Јасно е дека немам морално право да останам. Ќе се разделиме бидејќи ја преземам целата одговорност за овој срам. Потребно е да дојде друг човек подобро да ги мотивира репрезентативците. Ова дефинитивно беше мој последен меч како селектор“, изјави Петров.
Пред Бугарите се уште два меча од Лигата на нации месецов, против Гибралтар (9 јуни) и уште еднаш против Грузијците (12 јуни), поради што на предводниците на фудбалот кај источниот сосед ќе мора да реагираат експресно и да најдат нов селектор.