Хосе Кинтеро, ѕвездата на славниот аргентински великан Ривер плејт, кој беше јунак во последната јужноамериканска титула на својот тим („суперкласико“ со Бока) постигна страшен гол од корнер против Патронато.
И не е реткост да се даде гол од аголот, ама јужноамериканците се посебни мајстори, посебно кога ќе почувствуваат дека голманот не е на местото каде што треба да стои. Погодокот на Кинтеро е посебен, зашто се појави видео од поинаков агол, снимано од трибина близу ѕвездата на Ривер кога директно погоди во мрежата.
https://twitter.com/rusito_lbdt14/status/1575798275080613888?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1575798275080613888%7Ctwgr%5Ec55d592b3a6e9ddf8d567d66ee86361e6c5839f0%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fjuzhnoamerikanski-majstorii-od-poseben-agol-koga-dzvezda-na-river-dade-gol-od-korner