Во екот на шпекулациите дека Сампдорија би можела да го земе за тренер Дејан Станковиќ од Црвена звезда, стигна веста дека главниот протагонист на тоа, Масимо Фереро е уапсен.
Според италијанските медиуми, наводно бил лажиран банкротот на една од бројните компании на Фереро, што не е прв ваков случај поврзан со неговото име.
Овој случај нема никаква врска со бизнисот на Сампдорија, но повторно може потенцијално да влијае на расплетот на ситуацијата околу Дејан Станковиќ.
Дали ќе биде така ќе видиме во наредните денови.