Нова трагедија го потресе светот на фудбалот. Почина младиот голман на белгискиот нисколигаш Винкел Спорт Б, Арне Еспел (25), го одбранил пеналот, брзо станал, а потоа само се струполил на теренот.
“Топката се уште беше во игра. Тој го одбрани пеналот, се обиде брзо да стане за да ја фати топката, но потоа само се струполи. Страшни сцени”, изјави помошник тренерот на белгискиот тим, Стефан Деверхин.
Брзата помош брзо реагирала, бил префрлен во болница, но за жал не преживеал и починал.
Натпреварот бил прекинат, а играчите на двете екипи биле длабоко потресени од она што го виделе.
“Нашиот голман беше прекрасно момче. Секогаш знаеше да го подигне расположението на сите. Не ми се верува дека го нема”, додаде помошникот тренер на белгискиот клуб.
Во понеделник е закажана обдукција на починатиот голман, а потоа ќе биде објавена точната причина за неговата смрт.
Трагедиите во светот на фудбалот се многу чести. Многу фудбалери ги загубија животите на теренот во последните години, но за жал вакви трагедии не можат да се предвидат.