Конечно го дочекавме почетокот на Мундијалот во Катар, каде што првиот меч се игра на стадионот „Ал Бајт“ од 17 часот меѓу домаќинот и Еквадор, а претходно се одржа церемонијата за отворањето на Светското првенство, кое се игра во необичен термин.

Домаќините им посакаа добредојде на гостите од целиот свет, кои ќе се борат за трофејот на најголемото светско натпреварување, а претходно се одржаа останатите манифестации, по што селекторите на Катар и Еквадор ги избраа актерите за денешниот натпревар.

На свеченото отворање беа изведени четирите официјални песни на Светското првенство во Катар, а домаќините дадоа се од себе да направат шоу, каде видовме неколку феноменални уметнички изведби.

Првенството ќе се игра на осум стадиони кои се наоѓаат во Доха или во областа Доха, па тоа е една интересна работа што ќе го направи овој Мундијал уникатен.

.