Македонскиот репрезентативец, Доријан Бабунски игра во голема форма за унгарскиот Дебрецин, му ја донесе победата од 2-1 над Пакс со гол во 96. минута.
Беше нерешено и кога се очекуваше дека натпреварот ќе заврши мирољубиво, Бабунски постигна гол пред последниот судиски свиреж и донесе три големи бода за Дебрецин.
Ова беше трет гол за Бабунски на последните четири натпревари.