Аталанта славеше на гостувањето во Рим против Лацио со 0-2, Давиде Запакоста постигна „голазо“, пласираше неодбранливо во аголот.
Во дуел на две екипи кои конкурираат за топ четири во Калчото, Аталанта со 0-2 го совлада Лацио на Олимпико во Рим.
Резултатот беше отворен во 23. минута, Запакоста начека една топка на работ од шеснаесетникот и постигна ретко убав гол, бекот пласираше неодбранливо во аголот.
Трите бода беа потврдени во 65. минута, Лукман уфрли топка а Хојлунд помеѓу дефанзивците на Лацио рутински реализира за 0-2.