Реал Мадрид е светски шампион – во меч со осум гола го победи Ал-Хилал! Реал  ја оправда фаворитската улога, во исклучително ефикасен меч го победи Ал-Хилал со 5-3 и го освои Светското клупско првенство.

 Мадриѓаните лесно, рутински се прошетаа до трофејот од Светското клупско првенство, кралскиот клуб е најдобар во светот.

Тимот на Карло Анчелоти уште на самиот старт покажа кој е фаворит. По 20 минути  водеше со 2-0 со головите на Винисиус и Валверде.

До крајот на првиот дел, Ал-Хилал со гол на Марега намали на 2-1 и се врати во игра, но надежта им траеше само до почетокот на вториот дел.

Реал како што го почна, првото, така го стартуваше и второто полувреме. Бензема и Валверде донесоа предност од 4-1. .

Во 63. минута Вието даде гол за 4-2, но само шест минути подоцна Винисиус со својот втор гол ја врати предноста од три разлика. До крајот Вието даде уште еден гол за конечни 5-3.