Бешикташ триумфираше во финалето на турскиот Куп против Трабзонспор на Енис Барди со 3-2.
Трабзонспор постигна гол за водство во 13. минута преку Онуачу, но потоа Енис Барди направи несреќен пенал и Гезал погоди за 1-1.
Укан на почетокот на вториот дел беше стрелец за пресврт на Бешикташ (2-1), додека Пепе во 89. минута израмни на 2-2. Меѓутоа, пет минути подоцна Ал-Мусрати ги постави конечните 3-2 за Бешикташ со што го шокираше Трабзонспор.
https://twitter.com/i/status/1793714969302708521
https://twitter.com/i/status/1793731614901768469