Нашиот Ненад Димитријевиќ прерасна во вистинска кошаркарска суперѕвезда во Русија, а во тоа можеа повторно да се уверат сите оние кои го гледаа полуфиналниот натпревар меѓу Уникс Казањ и Локомотив Кубањ.
Двата тима играа „мајсторка“ за пласман во големото финале во ВТБ лигата и Уникс се избори за шанса да го брани трофејот, пред се благодарение на играчот кој лани беше избран за МВП.
Нено ја покажа својата класа кога беше најпотребно и го водеше својот тим до голема победа, а со учинокот кој го оствари беше убедливо најдобар играч на паркетот.
Македонскиот репрезентативец запиша 31 поен, 6 скокови и 6 асистенции во победата од 92:87, па натпреварот го заврши со индекс 39, што беше убедливо највисок на натпреварот.
На Македонецот, цела села во Кубањ на крајот од натпреварот му скандираше „МВП“, што доволно зборува колку Русите го ценат генијалниот Нено.
Уникс втора година по ред ќе игра во финалето во ВТБ лигата, а противник повторно ќе биде тимот на ЦСКА Москва.