Пресметката започна со несреќен автогол на Хофман во 13. минута и предност на Диселдорф, која беше зголемена на 2-0 во 64. минута со голот на Клаус.
Бохум имаше шанси, но не ги искористи, а уште една нова казна пристигна во 72. минута кога Енгелхарт погоди за конечни 3-0.
Реваншот меѓу Бохум и Диселдорф е закажан на 27 мај.
Второлигашот неочекувано го надигра ривалот и дојде до првиот триумф на негов терен од 1990 година. Ова е огромен успех за Фортуна, која преку баражот цели на место во елитното друштво.