Њукасл кој игра фантастична сезона во Премиерлигата, е елиминиран од ФА Купот откако со 2-1 загуби на гостувањето кај Шефилд венсдеј.

Шефилд кој оваа сезона настапува во Лига 1, третата по ранг лига во Англија, направи големо изненадување откако го совлада Њукасл.
Резултатот беше отворен во 52. минута кога Вајндес постигна гол за водство на Шефилд од 1-0, истиот фудбалер десетина минути подоцна зголеми и на 2-0.
Во 69. минута Гимараеш намали на 2-1. До крајот имаше доволно време за Њукасл да избегне пораз, но премиерлигашот не успеа да постигне уште еден погодок.