Интер водеше до 93. минута минута со 2-1, а тогаш Дамфрис си постигна автогол и донесе бод за Монца, натпреварот заврши 2-2.
По големата победа над Наполи, Интер направи голем кикс откако одигра 2-2 на гостувањето кај Монца.
Натпреварот почна одлично за Интер, по само 10 минути игра Дармијан искористи едно невнимание на одбраната на Монца и погоди за водство од 1-0.
Но веќе во следната минута Монца успеа да израмни со погодок на Чуриа.
Во 22. минута се случи огромен, несфатлив кикс на Пабло Мари, Лаутаро Мартинез му ја зема топката и постигна лесен гол за водство на Интер од 2-1.
Тој резултат беше актуелен се до 93. минута кога Дамфрис си постигна автогол за конечни 2-2. Домаќините имаа шанса и за комплетен пресврт, но не реализираа две шанси во самата завршница.