Абердин и оваа сезона е хит во шкотската Премиер лига. Култниот клуб, кој своевремено го водеше и Алекс Фергусон и освои европско клупско натпреварување, им ги ремети сметките на фаворитите од Глазгов за титулата Селтик и Ренџерс.

Фудбалерите на Абердин  приредија голема сензација и славеа на „Ајброкс парк“ во Глазгов против домашниот Глазгов Ренџерс со 1-3 (0-1). Дуелот од седмото коло на елитната категорија во Шкотска мина во знакот на тандемот МекГрат-Миовски, кои целосно ја „измешаа“ одбраната на домаќините.

Гартенман во 38. минута и МекГрат во 68. минута ја најавија победата, а Сима во 76. минута ја преполови предноста на гостите. Потврда за славјето на екипата на Миовски донесе МекКензи со гол во 85. минута за финални 1-3.

https://youtu.be/KtoicbdA0H8

Македонскиот репрезентативец Миовски одигра 80 минути за Абердин, кога беше заменет од Дјук.

Со оваа победа Абердин останува седми на табелата, а Ренџерс се повеќе заостанува зад лидерот Селтик.