Се спрема а можеби и ќе се активира вистинска бомба на трансфер пазарот. Француските медиуми пренесуваат, а шпанските медиуми потврдуваат дека се подготвува спектакуларен трансфер како дел од офанзивата на ПСЖ против Барселона.
Во ПСЖ треба да се преселат двајца играчи на Барса. Првиот е крилниот напаѓач Осман Дембеле и ова треба да се реши до понеделник бидејќи Французинот има отштетна клаузула од 50 милиони евра до крајот на месецот. После тоа е двојно поголема.
„Дембеле е многу блиску до преселба во ПСЖ. Преговорите се во напредна фаза. 26-годишниот играч има ослободителна клаузула од 50 милиони евра која завршува на 31 јули. После тоа таа се зголемува на 100 милиони евра”, објави RMC Sport.
Барселона го купи Дембеле пред шест години од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра.
Но, многу пострашно за Барселона е што ПСЖ се насочи кон уште една ѕвезда на клубот, Педри.
„ПСЖ започна операција за купување на Педри. Луис Енрике му порача на раководството на клубот да направи сѐ што е можно за да го донесе. Педри не е против оваа идеја. Освен тоа, тој би сакал повторно да работи со тренерот кој го водеше во Барселона. Исто како и со Дембеле, ПСЖ мора да биде брз и во овој случај, бидејќи и Педри има помала откупна клаузула во овие три дена од јули. Дотогаш Педри може да се купи за 110 милиони евра“, пишуваат Французите и додаваат дека Луис Енрике го издвоил Педри како совршена замена за Марко Верати кој заминува во Саудиска Арабија.
Доколку ПСЖ понуди 110 милиони евра за Педри, Барселона мора да дозволи тој да преговара со парижаните.
Опасноста од неговото заминување ги шокираше навивачите на Барселона бидејќи Педри е симбол на новата Барса и ерата по Меси, предодреден да биде лидер на тимот во следната деценија.