Можеби еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, се најде во центар на вниманието, откако имаше неверојатен испад во натпреварот на неговиот Ал Наср во дуелот со Ал Шабаб (0-0) од 1. коло од Арапскиот куп.
Португалецот постигна фантастичен погодок во 75. минута, кој, сепак, беше поништен поради минимален офсајд. Ваквата одлука предизвика огромен гнев кај ветеранот, кој својот бес го демонстрира уште на теренот.
Кулминација на неговиот гнев се случи на крајот од средбата, кога еден од камерманите го излече „подебелиот крај“, откако беше испрскан со вода од португалскиот фудбалер, кој нервозно му гестикулираше да се тргне од него.