Македонскиот интернационалец Димитар Митровски постигна прекрасен гол за Вараждин во ремито (2-2) против Славен Белупо во второто коло од новиот шампионат на Хрватска.
Тој уште во петтата минута изведе слободен удар и на фантастичен начин ја затресе мрежата на ривалот. Вараждин имаше водство и од 2-0, но во финишот прими два гола и на крајот мораше да се задоволи со реми.
Голот на Митровски можете да погледнете на следниот линк
Ова е втор гол вкупно за Митровски во дресот на хрватскиот прволигаш, каде што заврши во јануари годинава и тоа од таборот на Академија Пандев (сегашна Брера Струмица).